
44 лица со попреченост ги набљудуваат изборите
44 лица со попреченост овие избори се набљудувачи. На дводневна обука се запознале со нивните задачи на избирачкото место. Од осамостојувањето на државата до сега можеа само да гласаат, најчесто со придружба.
Тие треба да контролираат дали лицата со попречност имаа пристап до гласачките места, каков е односот на избирачките одбори кон нив. 4 набљудувачки во Скопје ќе го следат вториот круг на изборите.
- Тешкиот пристап до институциите, општините и училиштата за лицата со попреченост, не ја спречил Даниела Стојановска – Џинковска да се обучи и да го следи гласањето.
Таа вели дека само ако се вклучени во избирачкиот процес може да се направат позитивни промени.
Новина е и шаблонот за гласање за слепите лица.
По 28 години , од независноста , лицата со попреченост , гласаат без да стравуваат дека можат да бидат злоупотребени.
Статистиката на СЗО вели дека секоја држава од вкупното население 15 % се лица со попреченост. Меѓутоа во Македонија нема регистар за точната бројка на лица со попреченост. Па така , невладината „Инклузива“ се води според статистиката на СЗО и според тоа кај нас тој број е околу 270.000 лица кои можат да го остварат своето право на глас.
Теодора Цветковска