
Нов директор на Агенцијата за Разузнавање е Ерол Муслиу
Нов директор на Агенцијата за Разузнавање е Ерол Муслиу-соопшти Претседателот Стево Пендаровски. Муслиу ја превзема функцијата денеска и доаѓа на местото на досегашниот директор Зоран Иванов, кој ја извршуваше оваа функција од 27.03.2017.
Ерол Муслиу завршил Факултет за безбедност по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање .
Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач. Според Пендаровски, иднатата недела ќе биде формиран и Советот за безбедност.