За развој на науката потребни се финансии и јасна стратегија

Главната кочница за успешен и побрз  развој на науката во Македонија е во делот на финансирањето на наставно – образовната и научно- истражувачката дејност.

  • Општо позната работа е дека години наназад не се одвојувале доволно средства и тоа процентот на одвојување во однос на бруто домашниот производ е многу мал некаде околу 01%, така што тоа е далеку од потребното и далеку од доволното, вели проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.

За развој на научната мисла во образовниот систем и истражувачката дејност е потребен и подмладок на наставниот кадар, смета деканот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Иван Чорбев.

  • Потребни ни се млади луѓе коишто ќе го збогатат колективот со знаење со капацитет ќе ги преземат на свој товар работата со голем број студенти. Во услови кога информатиката е популарна индустрија каде што платите се поголеми потешко ни е е да ги задржиме младите истражувачи и магистранти да работат на факултетот, изјави проф. д-р Иван Чорбев, декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.

Воспоставување делотворен национален истражувачки систем кој ќе биде интегриран и во Европскиот научно-истражувачки простор е важен за развојот на државата во целина.

  • Да речеме публицирање на своите трудови: каде, во кои списанија т.н open access филозофија за публицирање во списанија. Колку се важни електронските списанија, како да бидеме повидливи за остатокот од светот, рече проф. д-р Владимир Петрушевски, проректор за наука.

Важноста на научната мисла и нејзиниот просперитет вон границите се исклучително важни за развојот на Македонија во сите нејзини сегменти, заклучија учесниците на денешната трибина.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ