
41 новозаболен од коронавирус, 37 пациенти со втор негативен тест
Една жртва, 41 новозаболен и 37 оздравени пациенти е билансот од епидемијата на коронавирусот во последното деноноќие во Македонија. Починатиот пациент е триесет и шестгодишен гостиварец кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Бројката на жртви се искачи на 59,а во денешната евиденција е заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години кој починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово.
„Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија“, соопшти министерот Венко Филипче преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
Во моментов хоспитаизитрани се 105 пациенти а 13 се приклучени на респираторна машина. ВО Инефективната клиника има 60 пациент од кои 25 се на кислородна поддршка се 25 а петмина се на респиратор. Во Градската болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 37пациенти од кои осуммина се приклучени на респиратпори а пет се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти од кои еден е во тешка состојба во штипската болница има двајца пациенти.
„ Институтот за јавно здравје регистрира 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови и тоа по 11 лица во Скопје и во Прилеп, четворица во Кочани, по двајца во Дебар и Гостивар и по еден во Струга, Охрид, Битола, Крушево и Тетово “, соопштија од министерството за задравство.
Во последните 24 часа најмногу нови случаи се реагистрирани во Скопје – 17 а вкупната бројка на заболени во државата е 1.367 лица.
Гледано по градови, најмногу заболени има во Скопје – 468 а потоа е Куманово, каде сега има 363 заболени. Во Прилеп има 139 заболени, во Тетово има 73 случаи, во Велес – 63 а во Струга еден помалку- 62 заболени. Во Дебар бројката не е изменета – 51 случај. Во Источна Македонија град со најмногу заболени е Штип каде се регистрирани 34 случаи и Кочани каде има 28 заболени. Двоцифрен број на заболени има во уште два града, Битола каде 19 лица се позитивни на коронавирус, Охрид со 15 заболени и Гостивар каде засега има 14 регистрирани случаи.
Во изминатото деноноќие направени се рекортеден број на тестирања, вкупно 728 а досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања на Ковид -19.