40-тина граѓани заглавени со часови на Деве Баир – ќе бидат изолирани во хотелот “Ибис”

Група граѓани се заглавени на граничниот премин Деве Баир. Со часови чекаат да бидат преземени од здравствените и безбедносните власти  и да влезат на територијата на нашата држава. Се работи за поединечни враќања од различни држави преку граничниот премин Деве Баир, околу 40-тина граѓани.

Од МВР за Телма велат дека ќе биде организиран превоз и ќе бидат сместени во Хотелот “Ибис”, каде според процедурата ќе бидат изолирани во наредните 2 недели.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ