40 новозаболени од КОВИД 19, еден починат

40 новозаболени од КОВИД 19, се регистрирани во изминатото деноноќие, од направени се 549 тестирања, најмногу се во Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје – 673, активни 169
  • Куманово – 419, активни 23
  • Дебар – 51, активни 0
  • Штип-38, активни 3
  • Прилеп –204, активни 55
  • Тетово – 161, активни 73

 

Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани  45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ