4 месеци никој не знае каде е 28-годишната Марија Брзакова од Струмица

Речиси четири месеци по исчезнувањето, не се знае што се случи со 28 годишната Марија Брзакова од Струмица. Младата 28 годишна жена, пријавена е за исчезната на 18 јануари во раните утрински часови.

Исчезнувањето го пријавил сопругот, три дена подоцна. Оттогаш, полициски екипи почнаа со потрага по Марија. Се пребаруваше околината на домот, селото, но и пошироко до бугарската граница. Во потрагата се вклучија специјални полициски екипи со кучиња трагачи, ловџии, локално население. По неколкудневна неуспешна потрага, истрагата на терен е прекината. Цели два месеца нема никава информација во јавноста, но полицијата тврди дека се работи ан случајот.

Од СВР-Струмица велат дека континуирано од првичното пријавување за исчезнато лице до денес превзема мерки и активности за пронаоѓање на Марија Брзакова и целосно расчистување и документирање на настанот. За досега превземените активности е координиорано и е во тек ОЈО-Струмица.

Марија Брзакова е мајка на малолетно дете. Во саботата на денот на исчезнувањето, според официјалните информации, марија домот го напуштила рано, облечена во темни тренерки по влечки или патики. Со себе не понела мобилен телефон или лични  документи.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ