4-годишното девојче од Штип во добра здравствена состојба

Четиригодишното дете кое е позитивно на Ковид 19 е првиот пациент, кое заедно со неговата мајка е сместено на штипското Инфективно одделение. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев на прес конференцијата информираше дека од денеска се засилуваат мерките за влез во болницата. Секој пациент кој ќе влезе ќе му се мери телесна температура, а сите вработени добија заштитни наочари

Штипската Клиничка болница е подготвена за третман на пациенти заразени со корона вирус, кои имаат полесна клиничка слика, доколку имаат со потешка тие ќе се испраќаат во Скопје. Болницата има два респиратори, а доколку дојде до зголемување на бројот на случаите во функција може да се стави и интензивното одделение.

Болница чека уште еден респиратор, чија набавка е во тек. Во утринските часови уште петмина се јавиле за да се тестираат, бидејќи какошто тврделе биле во контакт со семејството на девојчето, кое на 14 март пристигнало во Штип од Англија. Во источниот регион во самоизолација се вкупно 345 граѓани, кои се вратиле од странство, а денеска паднаа и првите шест кривични пријави за непочитувањето на мерката, од кои по една во Штип и Свети Николе и по две од Кочани и Делчево. СВР-Штип ги доставува до обвинителството, а судот ја одредува паричната казна.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ