
4 години затвор за гевгелискиот анестезиолог, двајцата гинеколози не се виновни
4 години затвор и 5 години забрана за вршење лекарска дејност за анестезиологот во гевгелиската болница Томчо Ванчев кој велешкито суд му пресуди дека е виновен за смртта на родилката Маја Кадиева пред три години. На работа дошол под дејство на алкохол, и место 3 направил 4 интубирања – во полната судница, судечкиот совет ги читаше причините за одлуката. Реагирал нестручно и спротивно на процедурите. Двајцата гинеколози од тимот на Ванчев не се виновни иако не го спречиле анестизологот да се изврши операцијата- „царски рез“. Од пресудата единстивено се задоволни двајцата анестезиолози кои што деенска не се појавија во судницата. Обвинителство ќе се жали , а и одбраната на Ванчев. Единствнео со солзи одлуката на судот ја проследи сопругот на починатата Маја Кадиева.
Гинеколозите Венци Кадиев и Дончо Москов не згрешиле што закажале царски рез, и не извршиле отстапување и кршење на процедурите, смета судот. На пресудата и претходеше извештај како доказ дека новороденчето од утробата на мајката било извадено предоцна, живеело 10 минути и кај него во организмот бил пронајден наталожен јаглерод диоксид и средство за анестезија. И бебето починало како последица на погрешното интубирање и обид за реанимација на родилката. Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа во октомври 2015 година во гевгелиската болница при породување со царски рез.
Павле Беловски