
4 фирми увезувале и продавале тутун на црно – затаиле акциза од 7,5 милиони евра
Тобако мафијата не започнува во с. Љуботен, но нивниот тутун денеска е пронајден на таваните и подрумите кај 6- тмина жители на ова скопско село. Во синиџирот на трговија тие биле на последното скалило – требале да го преработат, исецкаат и спакуваат во помали кутии готов за виткање цигари и продажба на црниот пазар. Две години се занимавале со овој семеен бизнис, но денеска во нивните домови тропнаа полициските специјалци и да го одземат тутунот кои што 4 македонски компании им го продавале нелегално.
Таваните на жителите на с. Љуботен криеле 12 тони тутун од најпознатата американска сорта „Вирџинија“ .Во Македонија влегле со увоз кои го направиле 4-те компании, имиња кои засега остануваат мситерија заради истрагата која се води кон нив. Кога ќе се снимни одблизу на самите кутии пишува дека тутунот е официјално произведен во Сремска Митровица, соседна Србија. Дел од пакувањата стасале од Албанија. Тутунот ќе се уништи, но државата заради затаена акциза останува оштетена за 7,5 милиони евра.
Жителите се соочуваат со кривични пријави за нелегална трговија и производство на режан тутун. Освен што врежеле нелегална трговија тие на пазарите растурале тутун опасен по здравјето, покажале анализите.
Епилогот од акцијата на властите е дека не е одземено ниту едно ливче тутун од сорта која легално се произведува и субвенционира во Македонија додека обратно тврдеа жителите на с. Љуботен кои денеска беа домаќини на финансиско-полициската акција. Во наредниот период обвинителството треба да ја гони тобако мафијата која внесува тутун од сите сосоедни држави, а го продава на физички лица кои понатаму го препроадават на мало, неплаќајки акциза, ниту ддв за вртогалви суми од десетици милиони евра.
Павле Беловски