4.000 грчки компании ќе го заштитуваат терминот „Македонија” во името на своите производи

Околу 4.000 компании во Грција кои го имаат терминот „Македонија” во имињата на нивните производи сега ќе мораат да ги заштитат на меѓународните пазари за да избегнат проблеми со Договорот за решавање на името, вели претседателот на Федерацијата на индустрии на Северна Грција (СББЕ), Атанасиос Савакис.

Савакис, како што пишува весникот „Катимерини’ ќе побара од овие компании да дејствуваат брзо во тој правец, а СББЕ им нуди бесплатна правна помош.

Во поранешни слични случаи, ваквата активност чинела 2.000 евра по име, а подоцна цената се зголемила на 8.000 евра за заштита на едно име на производ.

Според Савакис, во канцеларијата на ВИПО во Женева се уште не стигнало ниту едно барање од грчка компанија за заштита на име на производ, а веќе пристигнале две барања од Македонија, додека во ЕУИПО во Аликанте, Шпанија 24 грчки компании го регистрирале името „Македонија” на своите производи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ