
39 ученици се борат за 35 слободни места во струмичкото средно медицинско- родителите одбиваат квалификациско тестирање
Родителите на децата коишто конкурираа на здравствената струка – медицински сестри во средното училиште Димитар Влахов во Струмица се револтирани затоа што децата треба да полагаат приемни испити во понеделник.
Причина е што за 34 слободни мееста се пријавиле 39 ученици со максимални поени. Родителите потпишале петиција и бараат сите деца да се примаат.
Родителите велат дека во понеделник нема да ги пуштат децата да полагаат приемни испити и бараат да се откаже квалификационото тестирање.
Директорот на училиштето, Димитар Ѓоргев, вели дека оваа одлука е на министерството за образование. Ако не се направи отстапка, во понеделник ќе се спроведе тестирањето.
Сузана Мицева