37 новозаболени од Ковид-19, 12 во Скопје и 11 излекувани

37  нови случаи на ковид-19 во земјава и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2. Последното деноноќие нема починати од ковид-19 а оздравени се 11 пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2.

Во Скопје по општини, во Гази Баба има  5 новозаболени, Бутел и Чаир по  2 , Сарај Аеродром и Карпош по 1 ново дијагностициран. Според директорот на скопскиот центар за јавно здравје Арбен Зибери 80 отсто од новите случаи се заразиле како разултат на контакти so членови на нивните семејсtва кои ве’е биле заболени. Добро е што се следат кластерите и се знае како се шири вирусот, односно не излегува од контрола, објаснува Зибери.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443, информираат од министерството за здравство. Најмногу активни случаи по градови : Скопје 199, Тетово 77,  Прилеп  48,  Велес  активни 43 и Куманово 34.

Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје,  дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец-1

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 508,  188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.

Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ