
37 идни згрижувачи добија меѓународни сертификати за згрижувачи на деца без родители
Околу 300 граѓани пројавиле интерес за згрижување деца во своите семејства до август оваа година како дел од кампањата “На секое дете му треба семејство”. 37 од нив ја поминале “ПРАЈД” обуката за згрижувачи и ќе добијат препораки да бидат вклучени во регистарот на згрижувачи. Еден од нив е и Живко Силјаноски од Прилеп, кој е актуелен директор на центарот за социјални работи во Прилеп.
Тој има две ќерки кои живеат и работат во Скопје и сега решиле со неговта сопруга вишокот љубов, но и недостигањето на неговите ќерки да го надополни со нов член на неговото семејство. Прилепскиот регион и досега е еден од лидерите по број на згрижувачки семејства.
Оваа кампања има за цел развој на стандарди и систем за мониторинг и евалуација на услугите за сместување во згрижувачко семејство. “Прајд” сертификатите кои ги добија идните згрижувачи им обезбедуваат интернационално и национално признаен сертификат, како и стекнување на посебни знаења и вештини кои ќе им бидат потребни во текот на згрижувањето.
Проектот „На секое дете му треба семејство“ е имплементиран од СОС Детско село Македонија, УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика.
Јордан Дуков