Правото и судството да се остават на правниците порачуваат професорите

Реформите во правото и судството да се остават на правниците, за да си ја вршат својата работа како што треба, порача професор д-р Ангел Ристов, од Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика прима“ од Скопје. Кога политиката навлегува во правото, во правничката фела, тогаш не може да очекуваме вистински резултат…

Во земјава владее позитивното право, а тоа е право на власта, на уставното право зад кое се крие партијата. Со тоа и такво право Македонија тешко ќе се движи кон ЕУ. Вака им се обрати професорот Шкариќ на правниците од земјава и странство денеска од Струмица. Тој вели дека мора да се развие теорија за злоупотреба на правото, кога некој го урива правото, а нема право.

Правото да им се остави на правниците за да си ја вршат својата работа како што треба, порачаа организаторите на научната конференција. Прфесор Ангел Ристов вели дека за да има квалитетно право треба и квалитетни закони и правници.

Правничката фела прати порака дека е обединета и подготвена за да помогне и да ги поддржи процесите во државата, особено околу отворањето на поглавјето 23 Правосудство и основни човекови права во пристапните преговори со Европската Унија.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ