
309 килограми марихуана спакувани како ориз завршија во рацете на царинската управа
Управувал товарно возило, а на царинската управа и покажал документ дека превезува ориз од Камбоџа. 36 годишниот грчки државјанин бил уапсен на граничниот премин Богордица со Република Грција со над триста килограми мариухана.
Натоварен во Атина со компјутерска опрема, канти поликолор, облека и храна, имал намера да помине низ балканските земји се до крајната дестинација.
За дрогата немало полициска информација. Камионот и возачот биле сомнителни, а царинциите побарале дополнителна проверка.
Возачот е во притвор, а се уште тврди дека не знаел дека вози дрога вредна 800.000 илјади евра на западно европските пазари.
Павле Беловски