Камчев чека одлука од Апелација, одбраната на Мијалков се надева на позитивно мислење од СЈО и за него

СЈО предлага куќен притвор за бизнисмените Орце Камчев, Цветан Панделевски и нивните соработници притворени во Имерија, но и поранешните функционери Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски обвинети во Титаник. Зошто предлагаат поблаги мерки после месец и половина откако бараа овие обвинети и осомничени да бидат притворени во Шутка, од СЈО велат во интерес на истрагата не можат да откријат. Од обвинителството на Јанева се уште нема испратено мислење за екс директорот на УБК  Сашо Мијалков кој исто така е во притвор за истрагата Империја а понуди и гаранции во имот од 1 милион евра. Одбраната очекува најдоцна утре СЈО да даде позитивно мислење и за Мијалков.

Кога се нуди гаранција, гаранцијата се нуди за бранење од слобода, а не за куќен притвор. Каков ќе биде ставот на обвинителството не знам, но очекувам позитивно мислење. Во секој случај подобро куќен притвор, отколку притвор. Сепак, условите во притворското одделение во затвор Скопје и дома не се исти“,

Шврговски објаснува дека за притворот на Мијалков ќе одлучува Кривичниот суд односно судија на претходна постапка.

Дали ќе излезат од Шутка  Камчев Панеделевски Јанакиевски и Божиновски пак ќе одлучуваат судиите од скопска апелација, но наместо на јавни седници кои беа закажани за денеска и утре ќе одлучуваат зад заторени врати. Ова следува откако адвокатите во текот на денот одлучиле да ги повлечат предлозите за јавни седници на кои вообичаено присуствува јавноста а своите жалби и предлози обвинителите и одбраната лично им ги кажуваат на судиите.

Од апелација велат дека мислењето на СЈО за нив не е обврзувачко и дека тие одлучуваат по жалбите на обвинетите.

Мијалков денеска од Шутка беше спроведен беше спроведен на судењето Тортура за приведувањето на Љубе Бошковски. Во судница на видео бим се емитуваа говори и прес конференции на Бошковски за време на изборната кампања од 2011 во кои ги посочува Груевски, Мијалков и Камчев.

Камчев понуди гаранции во имот вреден 14 и пол милиони евра а недвижен имот заложиле и Божиновски и Јанакиевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ