30 жртви во катастрофалниот земјотрес во Албанија

Се зголемува бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Најновата бројка е 30 мртви.

Најкритичната точка е во Драч, поточно куќата која се урна врз главите на деветчлено семејство, меѓу нив и две двегодишни близначиња. Тука неуморно работат македонските заедно со италијанските пожарникари, во обид да ги извадат телата на преостанатите седум затрупани. Двајца од ова семејство беа извлечени синоќа. Од ова место, во Драч известува репортерот на Телма, Павле Беловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ