
30 милиони денари за тампонирање на патишта во земјоделските региони
30 милиони денари за тампонирање на патишта во земјоделските региони. Министерството за земјоделство издвои 30 милиони денари за да се подобри патната инфраструктура до нивите, кадешто се одвиваат најголем дел од земјоделските активности.
Од општина Струмица велат дека веќе имаат изготвено проекти и ги мапирале улиците кај кои е итно потребно да се интервенира.
Земјоделските производители велат дека поради лошиот пат имаат проблем за транспорт на стоката од местото на производство до пазарите. Сметаат дека патиштата се клучни за подобрување на состојбите во земјоделието.
За средставта можат да аплицираат општините преку центрите на развој на планските региони во државата.
Сузана Мицева