
30 дена притвор за Кичеец, Боки 13 се уште на распит
Судија на претходна постапка му определи 30 дневен притвор на Зоран Милевски Кичеец. Како што беше донесен така и излезе од судот, со полициска придружба. Во тек е сослушувањето за првоосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13. Обвинителството и за него бара мерка притвор.
Вечерва се вршеа претреси на повеќе локации меѓу кои семејниот дом и канеларијата на Јовановски во 1тв. Полиција имало и во домот на обвинителката за која двајцата осомничени се претставувале дека имаат влијание од каде бил запленет еден телефон. Од обвинителството потенцираат дека обвинителката не е дел од истрагата.