3.965 евра штета во МНТ од „шверцер“ прославата која не е вандализам

Сметката конечно стигна. Речиси 4 илјади евра изнесува штетата во МНТ по настанот во театарскиот објект минатиот петок. Цехот и проценката на она што требаше да биде прослава на денот на албанската азбука, а беше промоција на документарен филм за навивачката група „шверцери“ – го кажа премиерот Заев од собраниска говорница. Беше прашан како владата дозволила такво нешто.

Настанот досега не доби општо прифатена дефиниција, од вандализам и демолирање до прослава во културна институција како во западна Европа, како што тврди и лидерот на ДУИ.

За инцидентот во МНТ е направена и трочлена комисија од надлежните во култура кои ќе треба да утврдат одговорност кој дозволил два сосема неспоиви настани да се одржат под ист кров, во ист ден и на иста манифестација.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ