
29 години од фромирањето на партијата ВМРО ДПМНЕ
На 29-годипнината од формирањето на партијата ВМРО ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски во својот говор кажа две работи се сигурни: Првата – СДСМ паѓа, а втората – ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува.-
„Заев е на колена и во сопственото блато, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред. И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ сè што поминавме овие две години. И оние кои веруваа од почетокот, но и оние кои не веруваа, а поверуваа дека можеме, на оние кои сè уште не веруваат, а знам дека ќе поверуваат, ви велам СДСМ и Заев се тргнати по удолницата од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува сè посилна, сè поорганизирана и свесна дека нè чека многу работа за да успее Македонија. А победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија! И ова ви го ветувам, рече Мицкоски.