Секој втор граѓанин смета дека Владата и Собранието носат закони без проценка на трошоците

Најголем дел од граѓаните сметат дека Владата и Собранието во процесот на донесување на законите ја исклучуваат пошироката јавност, дека носат закони без истражувања и без проценка на трошоците. Граѓаните сакаат да учествуваат во процесот на донесување на закони, но не ги знаат алатките и механизмите како да го сторат тоа.  Ова го покажува анкетата што ја спроведоа Институтот за демократија и Центарот за економски анализи за проценката на влијанието на регулативата во Македонија.

Штетата од носењето на закони без соодветни анализи и консултации е огромна.

Најголем проблем е немањето политчка воља да се вклучи пошироката јавност.

Анализата покажала дека повеќе од половината од анкетираните не се согласуваат со праксата на усвојување на закони во скратена постапка и дека  граѓаните и граѓанските организации треба секогаш да имаат можност да коментираат на одредено законско решение.

Александар Манасиев

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ