
27 април, Русковска ќе го склопува како мозаик, Јанакиевски со реконструкција
Миле Јанакиевски ќе прави реконструкција на 27 ми април, Трајко Велјановски најави докази дека обвинението било со цел да се влијае на пратениците да гласаат за уставните измени, но сите четворица обвинети организатори, поранешни функционери, беа едногласни дека не се виновни, дека обвинителството нема докази и дека обвинението е политички прогон.
Обвинителката ќе докажува дека Јанакиевски и Ристовски се јавувале по партиски штабови, организирале превоз и масовни протести . Атанасовски ги координирал групата предводена од Александар Василевски Нинџа и патриотските здруженија а Велјановски се допишувал со Груевски и постапувал спротивно на деловникот. Го одбил предлогот на Оливер Спасовски за промена на точките на дневниот ред а преку ред му дозволил на пратнеикот Зекири да ја пее албанската химна, иницијална каписла за упадот во Собранието.
Сите знаеме кој ги отвори вратите на Собранието, но тоа го сториле бидејќи така им било кажано од обвинетите, но и од Никола Груевски, кој толку многу сакаше да се соочува со народот на избори, но кукавички побегна кога требаше да се соочи со правдата, рече Русковска склопувајки го мозаикот за 27 ми април
–За да се добие комплетна слика за овој настан треба да замислите мозаик. Секој од сега присутните обвинети претставува една коцка. Доколку недостасува една коцка, мозаикот е непотполнет, рече обвинителката Русковска
-Обвинителството ќе докаже дека обвинетите кои седат во оваа судница изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство да спречат мирно примопредавање на власта како резултат на што беше настанот што се случи на 27 април 2017 година познат како „крвавиот четврток“, додаде обивнителката
Одбрана ќе открие како ќе се брани на следното рочиште. Во воведниот говор на Русковска не препознаа ниту кривични дела ниту докази.
– Не постои порака или организирање од Спиро и Миле на кого било. Не постои организиран превоз за тој ден, ниту доказ за такво нешто, а не ниту постапувањето по деловникот на Трајко Вељаноски да биде сторување на кривично дело најмалку за кривично дело тероризам, рече адвокатот Еленко Миланов.
-Начинот на кој се води ова судење и начинот на постапување на обвинителството е во најдобрите традиции од 1948 година, кога врз основа на измислени сведоци, беа осудувани голем број патриоти кои се бореа за независна Македонија“, рече Јордан Апостолски
На историјата се наврати и Русковска која во воведниот говор го цитираше Гоце Делчев. За следното рочиште ги предложи да сведочат техничкиот премиер Оливер Спасовски и обвинетиот Михаил Младеновски кој беше амнестиран. Од осудените во првиот предмет за 27 ми април, на ова судење како сведок ќе се појави и Нинџа.