Одложено судењето против дедото на Тамара од Велес

Одложено е денешното рочиште од процесот за обидот за убиство на дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, бидејќи Апелациониот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на Стојановски. Судот до наредното рочиште на 14 февруари од Министерството за правда треба да добие документ кој ќе потврди дали лиценците на вештаците се нови или се продолжени.

Судењето за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, почна од почеток поради промена на судискиот состав. Адвокатката на обвинетиот, Павлина Зефиќ, рече дека останува на приговорот дека дедото на Тамара го вештачеле лица со истечени лиценци.

Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ