25 години УСАИД во Македонија

Ирена Чаушевска почнала со претприемништо уште пред десетина години, кога во Македонија се уште не било многу добро познато значењето на овој збор. Искуство и начин како да успее побарала во Соединетите американски држави

Ова беше само еден од примерите кои денеска се слушнаа на одбележевувањето на 25 годишното  работење на УСАИД во Македонија. Меѓу присутните имаше претриемачи, граѓански активисти, наставници.

Овие луѓе, според американскиот амбасадор Џес Бејли се токму оние кои ги прават промени во општеството  и покажуваат дека оваа држава е место на можности. Најголемиот проблем на Македонија е да ве задржи  Младите луѓе во Македонија тука  не гледаа шанси, но тие треба сами да ги создадат, рече Бејли. Она што според него тие го бараат се вредностите кои институциите на земјите со развиени демократии се обидуваат да ги одржат

Според Бејли младите се обидуваат да успеат со напорна работа, без да се соочат со опасностите од корупција и да добијат соодветно работно место без лични познанства. Ова се вели вредности кои постојано се обидува да ги постигне и Западот.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ