24 часа затворено хематолошкото одделение на детска

Медицинските сестри на боледување-хематолошкото одделение под клуч. 24 часа детската клиника функционирала без овој оддел. Децата биле префрлени на ендокринологија и на онкологија. Денеска успале да се реорганизираат, и сестри од други одделенија да ангажираат на хематолошкиот оддел. Но, ова е времено решение, кое нема да спречи евентуално ново затворање оддленија.

Раководството на клиниката предупредува и дека дел од средно-медицинскиот кадар е пред пензионирање. Проблемот ќе се продлабочи, доколку наскоро не добијат нови вработувања. За почеток од Министерството за здратвсто побрале дозвола за 20.

Речиси сите јавни здратсвени установи се соочуваат со недостиг на кадар. Најголем проблем се медицинските сестри. Градската болница „8-ми Септември“ во неколку наврати беше принудена да го преполови својот капацитет. Неколку од опреационите сали повеќе пати беа ставани под клуч, бидејќи недостасуваа сетри-инструментарки. Во меѓувреме, болницата добила согласност за нови 60 вработувња со што сите одделенија и операциони сали се ставени во функција, но за трајно решавање на проблемот неопходни се барем уште толку.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ