22 новозаболени, еден починат, обезбедена терапија за Ковид-19 која дава резултати

63 годишен Дебаранец се заразил откако бил во контакт со брачната двојка што се врати од Италија во Дебар. По 5 дена минати во Инфективната клиника ноќеска починал по ненадејно влошување на состојбата. Тоа што имал заболување на белите дробови го сместува во ризичната група потенцираше министерот за здравство, но вели има и исклучоци каде здрави луге починуваат од овој смртоносен вирус.

Тој е втора жртва од корона вирусот, билансот на излечени за сега е еден, но утре ќе се прават контролни тестови на шестмина пациенти од инфективна за да се испита дали се се уште носители на вирусот.

Новозаболени денеска има 22-ца, најмногу од Скопје 15, со што главниот град останува со најмногу заболени или 81, потоа има уште четворица ново заболени во Дебар, каде бројката се искажи на 40. Уште двајца заболени во Куманово и еден во Охрид. Вкупниот број е 136.

Граѓаните почнале да бараат во големи количини антибиотикот Сумамед, за кој излегоа студии дека во комбинација со терапија за маларија, помага во лекувањето на корона кај дел од пациентите, поради што министерот ги повика да не го земаат на своја рака и да не прават залихи. Објасни дека во државата има доволни количини, но и дека од сега лекот ќе се издава само на товар на фондот со бел рецепт.

Министерот соопшти дека е обезбедена потребната терапија за голем број на пациенти која дава добри разултати.

Веќе утре треба да се заврши формално-правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови, по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде што тоа е индицирано. Станува збор за таканаречена „оф лејбл“ терапија за која допрва ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, изјави  Филипче.

Од денеска брисеви се земаат на 14 пунктови низ цела држава и во Јане Сандански и Ченто во Скопје. Процедурата оди преку матичните лекари, врз основа на електонски алгоритам и симтомите што ќе ги каже граѓанинот телефонски ќе оценат дали треба да му закажат термин за тестирање.

Тоа што денеска има 7 пациенти помалку од вчера е охрабрувачки, но не мора да значи ништо бидејки се уште сме во тренд на зголемување на бројот на заболени, пикот допрва следува вели министерот, кој повика на социјална дистанца меѓу граѓаните и почитување на мерките.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ