21 заболен, нема починати од корона вирус

Нови 21 заболени од КОВИД 19, во изминатото деноноќие, регистрира министерството за здравство, од направените 258 тестирања, од кои 13 се во рамките на скринингот. Во Скопје се 12 нови заболени, Куманово, 3, Штип 1, и Тетово 5. Нема починати пациенти, а оздравени се 17 пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје – 725, активни 204
  • Куманово – 436, активни 35
  • Дебар – 51, активни 0
  • Штип-41, активни 6
  • Прилеп –210, активни 46
  • Тетово – 177, активни 82
  • Струга – 75, активни 8
  • Велес – 127, активни 41
  • Битола –28, активни 7
  • Охрид –23, активни 8
  • Кавадарци – 5, активни 0
  • Гостивар –21, активни 3
  • Гевгелија – 4, активни 0
  • Струмица – 3, активни 1
  • Крива Паланка- 6, активни 0
  • Радовиш – 4, активни 0
  • Крушево – 3, активни 0
  • Кочани – 31, активни 0
  • Пробиштип – 2, активни 0
  • Кичево – 2, активни 0
  • Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
  • Демир Хисар – 1, активни 0
  • Македонски Брод – 2, активни 0
  • Пехчево- 3, активни 0
  • Делчево-1, активни 0
  • Валандово -1, активни 0
  • Виница – 3, активни 1
  • Кратово-2, активни 1
  • Берово-1, активни 0
  • Свети Николе-1, активни 1

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ