Заев: Нема силна Европа без успешен Балкан

  • За нашиот Македонски народ ова е историски момент. Ова е прв пат еден премиер на нашата земја да одржи говор пред ЕП на својот мајчин јазик.

Зборувајќи на Македонски јазик на европратениците и членовите на Европската Комисија присутни во салата, премиерот Зоран Заев им ја објасни важноста за Македонија на склучувањето на Преспанскиот Договор за кој посочи дека може да послужи како пример за решавање на други билатерални спорови.

  • Исто така знаеме какви се придобивките од таа одлука и знаеме дека ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила до сега. И знаеме дека тоа е шанса еднаш за секогаш и нема да ја пропуштиме, рече Заев.

Пред европарламентарците Заев зборуваше за Договорот за името со Грција, за претстојниот референдум и за евро-атлантската иднина на земјата. Македонија е успешна европска приказна и автентичен модел на функционална мултиетничка демократија која секојдневно го живее Европското мото “Обединети во различностите“, оцени премиерот.

  • Нема силна Европа без успешен Балкан, успешен Балкан е Балкан интегриран во ЕУ, оваа визија не мотивираше, порача премиерот.

Иако неговиот говор беше аплаудиран од европратениците, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев ја лаже ЕУ, зборува за европски вредности државата тоне во криминал. Најголемата опозициска партија смета дека Заев го руши угледот на  унијата во Република Македонија. Заев  ја  злоупотребува евтоатлантската интеграција на државата за  правдање на штетниот и капитулантски договор со Грција, соопштија од ВМРО ДПМНЕ.

 

Игор Трајков

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ