
201 вкупно -24 нови заболени. Во Скопје половина од вкупно заболените.
Бројката на заразени со корона вирус во земјава од денеска надмина 200, односно е регистриран 201 случај. Во изминатово денонокие позитивни се резултатите на 24 ца, и тоа најголем е бројот во Скопје со 15 новозаразени. Во Куманово се регистрирани нови 4, дебар двајца, а во Охрид Штип и Тетово по еден. Со ова Скопје е град со најмногу заболени од ковид 19, 123 ца односно повеќе од половина од вкупниот број во земјава. Во Дебар сега се евидентирани 43 од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8) Велес и
Охрид се по три , Кавадарци и Прилеп двајца, додека во гостивар и тетово по еден. Добрата вест е што бројот на излечени се искачи на троца, известуваат од министерството за здравство.
Министерствот за здравство
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти.
За тоа каква е состојбата во земјава Министерот Венко Филипче најави прес во 16 часот на кој ќе одговара на сите новинарски прашања. Во меѓувреме преку својот фејзбук профил заедно со фондот за здравство апелираше луѓето да се воздржуваат од одење на лекар освен во неодложни случаи. Од матичните лекари да не бараат да им препишуваат лекови по нивна желба и кои не им се потребни. Според Фондот лекови има доволно но е потребно сите да се однесуваат одговорно и без паника.
Билјана Николовска