200 невакцинирани деца наместо првачиња – дома

Околу 200 невакцинирани деца, наместо да станат првачиња останаа дома. Оваа бројка е од досега обработените податоци што Министерството за образование и наука ги добило од терен од просветните инспектори.

За тоа далии  во меѓувреме, додека се донесе конечна одлука , ќе се дозволи овие деца да следат настава, министерот Арбер Адеми  изјави дека дека е во постојана комуникација со министерството за здравство и ја следат ситуацијата на терен.

Повтори дека за да се зголеми достапноста и бројот на вакцини, овозможена беше и  теренска вакцинација.

Пред 6 месеци, надлежните прогласија епидемија во целата земја откако околу 1000 луѓе се заразија со вирусот на морбили. Една од предвидените мерки против епидемијата  беше и да се забрани невакцинираните деца да се запишат во градинка и на училиште.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ