
200 невакцинирани деца надвор од школска клупа
Министерството за образование нема одговор кога 189 невакцинирани деца ќе станат првачиња. За сега тие одат на училиште но не се заведени во школските дневници . Тие остануваат на истиот став дека заедно со министерството ја следат ситуацијата на терен , а како на овие деца ќе им се надокнади изгубеното ќе се одлучува на владина седница кога ќе имаат финална бројка на незапишани првачиња.
Државниот инспекторат од друга страна пак вели дека инспекцискиот надзор е завршен. Од вкупниот број на деца со нецелосен вакцинален картон најмногу се од Скопје – 88.
Пред 5 месеци министерот за здравство пресече дека нема упис на првоодделенците без имунитет против морбили. Како одговор на тоа министерот за образование Арбер Адеми изјави дека невакцинирани деца ќе се примаат во училиште, а потоа ќе можат да се вакцинираат.
До оваa мерка дојде откако во април месец беше прогласена епидемија на морбили на територија на цела земја.
Епидемијата уште трае , а досега во Македонија се регистриани 1900 случаи на заразени од вирусот на морбили.
Епидемиолозите со кои разговараше Телма велат дека за да можат здравствените власти да ја „одјават“ епидемијата со морбили, потребно е да поминат 42 дена од последниот пријавен случај. Тој период се уште не е поминат, бидејќи последниот пријавен случај беше пред 20 дена.
Теодора Цветковска