20 отсто повеќе болни лица пријавени за гласање

Гласаат болните и немоќни лица за избор на петтиот претседател на државата. Во вториот круг бројката е зголемена за речиси 1.000 гласачи. Во првиот  гласаа 3.583, а во вториот круг своето право на глас во домовите го остваруваат 4.540 болни и немоќни лица. 91 годишната Станка Дамјанска и 74 годишниот Драги Николов од Штип неколку години  по ред  гласаат во своите домови. Сметаат дека е привилегија за еден граѓанин да го оствари своето избирачко право. Дедо Драги, секогаш е расположен за пред камерите,  веќе втор изборен циклус на членовите на избирачкиот одбор им барал да дојдат со нив и новинарите.

Избирачките одобори денеска покрај тоа што се на терен за да гласаат болните и немоќни лица се подготвуваат и за утрешниот ден. Избирачките места ги уредуваат со недоверливиот материјал и параваните, каде што од седум до 19 часот секој полнолетен граѓанин може да гласа на петтите Претседателски избори.

Во источна Македонија бројката на болни и немоќни лица за вториот круг е зголемена за 33 отсто или денеска гласаат вкупно 890 болни и немоќни лица, рекордер е Делчево со  237 избирачи.

 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ