20 месеци затвор за заканувачот Емил Јакимовски

Една година и осум месеци пресуди судијката Џенета Бектович за заканувачот Емил Јакимовски.

Виновен е за тоа што и се заканувал на новинарката и уредник на порталите А1 он и макфакс, Мери Јордановска но и на неговата поранешна сопруга Драгана Јакимовска. Отежителна околност за него беше што до сега веќе бил осудуван а и зачестено се заканувал по сигурноста и мирот на жените.

Сепак Јакимовски дел од казната ќе ја помине во психијатриската болница во Бардовци. Таква одлука донесе судот откако вештакот Александар Марцикич утврдил дека има биполарно растројство и ако не се лекува може да го повтори делото. Во моментот кога докторите ќе утврдат дека неговата психичка состојба е добра тогаш, ќе биде префрлен в затвор.

На 13 јануари новинарката Јордановска ги пријави заканите од Јакимовски. По ова закани пријавија и новинарката од алфа тв, Искра Коровешовска и директорката на централниот регистар марија јанковска Бошковски каде што Јакимовски работеше. Во меѓувреме тој доби отказ од таму бидејќи ја злоупотреби фејзбук страната на регистарот. Денеска обвинителката Наташа Сарамандова побара а судот одобри притворот да му биде продолжен се до правосилност на пресудата.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ