
1ТВ под лупа на АВМУ, се бара дали Боки 13 е „скриен“ сопственик
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори постапка за преиспитување на сопствеништвото на 1 тв. Ова доаѓа после интервјуто кое се емитуваше на оваа телевизија а во кое Бојан Јовановски или популарно Боки 13 се преставил како сопственик на медиумот. Ова за членовите на АВМУ е можно скриено сопствеништво што по законот е забрането. Во централниот регистар како сопственици на БМЈ медиа груп чија што е телевизијата се јавуваат таткото на Бојан, Миле Јовановски на 95 проценти и Јасна Ерцеговиќ на 5 проценти од капиталот.
Сега АВМУ ќе бара официјална изјава од Бојан Јовановски која треба да е заверена на нотар. Во неа тој ќе треба да се изјасни дали навистина е сопственик на 1 ТВ по што АВМУ ќе треба да одлучи што понатаму. Во постапката која ја отвори агенцијата е опфатена и новинарката ЈАдранка Костова која го водеше интервјуто со Јовановски.
Инаку ова не е прв случај во кој агенцијата за медиуми отвора постапка за 1ТВ. Претходно сопругата на официјалниот сопственик Миле Јовановски собранието ја избра за член на комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Но АВМУ откри конфликт на интереси па таа се повлече. Во собранието пак пред една недела премиерот Зоран Заев откри дека веќе има предистрага за лица со псевдоним Коки и Кики од кои самиот бојан во интеррвјуто призна дека тој е Коки. Обвинителството работело по допрен глас по пишувањата на главниот уредник на Плусинфо, Бранко Геровски кој во неколку колумни говореше за “Коки” и “Кики” кои се измислени имиња за вистински ликови вршеле рекет и уцени во соработка со локални моќници и обвинители.
Билјана Николовска