Пазарџиите ќе имаат лиценци на една година

Новиот закон според очекувањата на пазарџиите во целост ќе ја регулира трговијата на зелените пазари. Законските решенија ќе донесат бенефит и за трговците и за државата бидејќи нема да трчаат по книговодители и во централен регистар, туку како и досега паушално ќе плаќаат персонален данок, а регистрацијата ќе се врши преку лиценци кои ќе ги издава Комората на трговци.

Услов за да се добие лиценца која ќе важи една година е пазарџијата да докаже дека поседува тезга под закуп. Ако лиценцата не се обновува лицето се брише од евиденцијата на иматели на тезга во некој од пазарите низ земјата. Колку ќе чини лиценцата, допрва ќе се утврдува.

Законот се очекува да го реши и проблемот со дивите продавачи на пазарите кои создаваат нелојална конкуренција, а на државата според некои проценки и нанесуваат годишна штета од околу 700 000 евра. Решение се бара и за статусот на продавачите кои сезонски ги продаваат своите производи на зелените пазари. За фискализација на пазарите ќе се чекаат подобри времиња односно кога Макеоднија ќе влезе во ЕУ. Бројките уште говорат дека во земјава има околу 25 000 закупци на тезги од кои 20 % се директни производители на храна.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ