
18 милиони евра долг оставен од поранешниот градоначалник Јакимовски во Општина Карпош
Недомаќинско работење и 18 милиони евра долг на општината Карпош, наталожен во изминатите 6 години, утврди ревизијата на финансиското работење. Извештајот на Државниот завод за ревизија утринава е доставен до Основното Јавно обвинителство како и до финансиската полиција со цел да се утврди одговорноста за сите нерегуларности.
Ревизорскиот тим утврдил дека во 2014 година, сума од околу 2,6 милиони евра обезбедени со кредит, а планирани за инфраструктурни проекти, биле потрошени за закрпување на стари долгови на општината. Буџетски пари се трошеле без никакво покритие за финансирање на организации, граѓански здруженија како и кошаркарскиот клуб Карпош Соколи.
Пропусти се утврдени и при изградбата на новата општинска зграда. Изградбата е започната врз основа на проект кој не добил одобрение од Советот на оштината Карпош, како и без изменето одобрение за градба, со што се направени повеќе прекршувања на законите.
Редовниот извештај на Државниот завод за ревизија се однесува на работењето на општината во 2016 година како и обврските кои се реализирале до таа година. Во тоа време, Стевчо Јакимовски го извршуваше својот втор мандат како градоначалник на Карпош.
Петар Догов