
18 години од убиството на 8-мината бранители кај Вејце
Тешко е да го однесеш детето и да му покажеш каде загина неговиот татко, вели бранителот Сашо Гилевски од Битола.
Тој со деца на бранители го посети местото кај тетовското село Вејце каде на денешен ден во конфликтот во 2001 година, свирепо од заседа беа убиени 8-мина припадници на безбедносните сили, од кои четворица беа битолчани
-Тежок ден за битолчани, тежок ден за нас бранителите кои први стигнавме на местото и ги извлекуваме телата на нашите загинати колеги. Време е во Македонија да си подадеме рака, време е да почне соживотот, затоа што резервна татковина немаме. Оваа е татковина за која треба да се бориме со мир, љубов и соживот, а не со оружје в рака, а сите конфликти да се решаваат по мирен пат, изјави Сашо Гилевски, бранител.
Во чест на осумтемина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ, нивните семејствата, колеги, претставници на полицијата и армијата, локаланата самоуправа, положија цвеќе на двата споменици во Битола, пред полицијата и во паркот кај градскиот часовник.
Емилија Мисирлиевски