17-годишното момче во тешка состојба откако вчера хулигани го избодеа во центарот на Скопје

Полицијата истражува, но се уште нема информација кој го нападна 17-годишниот ученик вчера на автобуската постојка Рекорд и го избодел со нож.

Момчето било нападнато од најмалку тројца, и добило неколку убоди во стомакот. Веднаш е префрлено во градската болница.

-Момчето е на одделот за интензивно лекување. Детето е во свесна состојба, во подобра состојба е од вчера. Вчера беше донесено во шок, многу искрвавено и со слаб пулс. Беше бледо. Имаше убод во стомакот, тешко е оштетен неговиот црн дроб. Веднаш беше извршена операција и беше приклучено на апарати, а денеска има подобрување, но останува под постојана нега и опсервација за да не се појават компликации, изјавија за Телма од Градската општа болница Наум Охридски.

Инцидентот се случил околу 12:40 на постојката кај Рекорд, имало повеќе десетици сведоци кои дале изјава, а се проверуваат и безбедносните камери, ни соопштија од МВР.

М.С.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ