16 експонати преку тактилни слики изложени во Музејот во Битола

Од денеска 16 експонати од битолскиот Завод и музеј преку тактилни слики стануваат достапни за лицата со оштетен вид.

Станува збор за 14 слики од современата уметност и 2 скулптури, кои се дел  од поставката на Музејот во Битола.

Слепите лица преку допир  на релјефната површина  можат да го доловат секој експонат, за кој исто така  има опис на  Брајова азбука.

Кога одиш во некој музеј ти велат не чепкај со раце. Овде сега можеме да опипаме раце бидејќи се изработени на посебна хартија, сликата е тактилна  и веќе имаме претстава за што се работи. Потоа кога ќе прочитам на браево писмо имам комплетен впечаток, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружението за слепи лица од Битола.

Тимот од  Завод и музеј Битола,  лани  изработи 21 тактилна слика за исто толку предмети од поставката во Музејот.  

Годинава покрај  новите тактилни слики, подготвени се видеа на знаковен јазик и аудио материјали  со што  експонатите  стануваат достапни за лицата со повеќе  видови попрeчености.  

“Отпочнавме со пилот проект, поддржан од Балкaнска музејска мрежа, преку грант ја добивме машината за да можеме да ги работиме тактилните слики, поминавме многу обуки и одлучивме поставката на Завод и музеј Битола да биде достaпна за сите”, рече Ирена Ружин, координатор на проектот.

За изложбата на тактилни  слики постои голем интерес, не самокај нас, туку на целиот Блакан, со што нашето културно наследство ќе биде презентирано  пред лицата со различни видеови поречености во повеќе држави. 

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ