156 новозаболени од корона вирус, 100 во Скопје, шест починати

156 новозаболени од коронавирус и 6 починати пациенти во последното деноноќие во Македонија. Повторно најголем број на нови случаи има во Скопје – 100.

Бројката на жртви сега се искачи на 222 лица а во моментов активни се 2.735 случаи.

„ На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката. На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни“, соопштија од министерството за здравство.

Скопје е најголемото жариште на вирусот со 1.593 заболени. Критични се општините Чаир со 352 заболени, Гази Баба – 128, Аеродром – 127, Центар – 123, , Бутел – 117, Карпош – 108,       Сарај – 109, Кисела Вода – 82 и  Ѓорче Петров  каде во моментов 63 лица се позитивни на вирусот Ковид-19.

По градови во Тетово се активни 304 случаи, во Куманово има 230 заболени,  во Штип – 204, во Охрид има 72 заболени, Гостивар – 53 и Ресен – 47.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 99 пациенти од кои 46 се на кислородна поддршка. Во Градската болница „8 септември“ се хоспитализирани 126 пациенти, седуммина се на респиратор а со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ