Вујовиќ ја честиташе победата но ги оспори судиите

Селекторот на словенската ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ и ја честиташе победата на Македонија над неговата селекција. Според Вујовиќ победата на македонските ракометари е заслужна но се пожали на квалитетот на делителите на правдата на мечот во Загреб.

„На крајот на првото полувреме и на почетокот на второто ние дозволивме Македонија да ни направи разлика која беше тешко да се достигне. Но, ние никако не се навикнавме на судискиот критериум, секојпат нешто има на кое не можеме да се привикнеме. Сепак, заслужена победа на Македонија, а ние нашата шанса сега ќе ја бараме против Германија и Црна Гора. Ќе пробаме да победиме, иако тешко е да се дигне оваа екипа по еден ваков пораз“, рече Вујовиќ.

Словенија задутре, во понеделникот против Германија ќе го одигра вториот натпревар, додека во среда на 17 јануари ќе се соочи со селекцијата на Црна Гора.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ