140 артилериски гранати пронајдени во гевгелиско

Околу 140 артилериски гранати се пронајдени во атарот на селото Богородица. Експерти од Дирекцијата за заштита и спасување, коишто подолг период работат на расчистување на теренот, велат дека гранатите потекнуваат од Првата светска војна и сите се во исправна состојба. Доколку дошло до нивно активирање, би предизвикале катастрофа.

Гранатите се собрани и однесени на воениот полигон Криволак кадешто ќе се уништат. Од дирекцијата апелираат граѓаните да пријават доколку пронајдат било каква екплозивна направа.

Минатата година на различни локации во Југоистокот се пронајдени 250 парчиња експлозивни парчиња, претежно гранати.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ