14 здравствени работници се тестираат за Ковид-19 по потврдениот случај во Тетово

Првиот заболен од корона вирус во тетово 69 годишниот маж лежел во болницата за рехабилитација во Капиштец од 9 ти до 23 ти март.

Ова попладнево на прес конференција го потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствената состојба му се влошила па бил испратен на клиниката во Тетово, па на крај на инфективната клиника во Скопје.

Сега се тестираат 14 здравствени работници, 4 ца пациенти и плус десетмина од неговото семејство. Се уште не не е откриено како го добил вирусот ако се знае дека бил неподвижен и 2 недели лежел на клиниката.

Ова е втор случај на заболен кој прошетал во здравствени установи пред да се утврди дека е позитивен на тестовите.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сите болници имаат добиено наредба за да се создадат специјални патеки по кои би се движеле сите вакви сомнителни случаи за да не би имале врска со други пациенти, а и лекаритеда се заштитат.

Инаку во земјава во моментов има 201 регистриран случај, а изминатиот ден новорегистрирани се 24 ца од кои во Скопје се 15, Куманово 4, Дебар двајца, а во Охрид Штип и Тетово по еден.

Со ова Скопје е град со најмногу заболени од Ковид 19, 123-ца односно повеќе од половина од вкупниот број во земјава.

Неделава ќе се направи мапа на населби во Скопје од каде доаѓаат заболените.

Инаку според Филипче се очекува идната недела да се прават мобилни тестирања и во Куманово и во Велес каде од вчера има 3 новорегистрирани случаи.

Нарачани се 20 илјади тестови и 500 илјади маски за здравствените институции.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ