14 судии се кандидирале за членови на Судски совет

Една третина од Судскиот совет се менува во декември. На 5-мина членови избрани од редот на судиите им истекува мандатот во декември. Денеска е последен ден од огласот за пријавување и до утринава се пријавиле 14 кандидати за членови на највисокото судско тело кое бира разрешува судии, ја оценува рабатата на судиите.

Но, ќе се чека уште неколку дена за да пристигнат и кандидатурите испратени преку пошта. Според извори на Телма од судскиот совет, за член во Судскиот совет од редот на врховните судии се пријавиле екс претседателката на врховен Лидија Недeлкова и судијата Киро Здравев.

За член од редот на судиите од скопското апелационо подрачје досега се пријавила само судијката од Кривичниот суд Гордана Спиревска позната по одлуката, бизнисменот Кочан да оди во притвор, за подрaчјето на гостиварска апелација 2 и судиите Рафиз Идризи и Зоран Теофиловски. Од член од штипското апелационо подрачје има најмногу 5 кандидати меѓу кои и претседателот на штипскиот основен суд Емил Пилатов како и судиите Ацо Тасев, Славчо Тасев, Данка Ристова и Лорета Ѓоргиева. Според нашите информации од редот на судиите од немнозинските заедници, 4 кандидати судиите Кеназија Мемети од скопска апелација, Насер Хаџи Ахметагиќ и Сулејман Мемети од кривичниот суд и Мирсад Суроји од кумановскиот основен суд.

Новите 5 нови членови ќе ги бираат на избори самите судии.

Судскиот совет со години наназад е критикуван во меѓународни и домашни извештаи за политичко влијание и мешање при изборот на судиите. Специјалната обвинителка Катица Јанева во посебен извештај повикувајки се на бомбите потенцираше и дека поранешната претседателка на судскиот совет Александра Зафировска ширум ја отворила вратата за политичко влијание, а тогашниот премиер имал клучна улога во изборот на судиите.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ