14 прекршувања на ограничувањето на движење во  Куманово

Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење. Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци. Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

На ниво, пак, на цела држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ