14 пациенти со симптоми на морбили, една пациентка хоспитализирана

Министерството за здравство соопшти дека вчера се прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили. По извршениот преглед од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека хоспитализирана е само една пациентка (39) од Гостивар, додека останатите 13 пациенти се пуштени на домашно лекување поради полесната клиничка слика на морбили.

Од нив, шест се деца на возраст од една до две години и се невакцинирани, а останатите седум се на возраст од 21 до 38 години. Во моментот, на Инфективна клиника се хоспитализирани 22 пациенти со морбили и сите се во стабилна здравствена состојба.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се вакцинираат со МРП вакцина, особено децата кои немаат примено ниту една доза од вакцината.

Досега се вакцинирани повеќе од 5.600 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ