14 месеченото девојче го губи видот од повредите

Брутално претепаното 14- месечно девојче го губи видот. По, една недела на скопските клиники неофицијалните наоди на лекарите се дека повредите на главата и ги оштетиле очните нерви. Дали бебето не гледа дефинтивно ќе се знае утре откако на клиниката за детска хирургија ќе му биде направено магнетно снимање на главата.

Со незаздравени скршеници на нозете, крварање на мозокот здравствената состојба на девојчето сеуште е неизвесна, но е надвор од животна опасност, велат од Kлиниката за интензивна нега.  Мајката кажа дека паднало од кревет, а лекарите, полицијата, Mинистерството за труд и обвинителството потврдија дека не е така. Кој го претепа бебето и по 8 дена се уште нема одговор.

Полицијата ја задржа 20-годишната мајка во полициска станица, па ја пушти. Сега министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја чува во засолниште за жртви од насилство, а се соменва дека социјалните центри имаат капацитет да ги превенираат ваквите случаи.

Службите сеуште не одговорија дали ова семејство со мајка излезена од дом и невенчан сопруг во затвор било надгледувано.

Осми ден истрагата ја води обвинителството, а МВР е на терен. Мајката ја искомплицира истрагата отако посочи дека живеела една недела кај маж и биле изложени на насилство со бебето. Тој човек во полиција кажа дека прв пат ги гледа, а ототгаш нема нови полициски детали.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ