
14-годишното девојче надвор од животна опасност – инспекторите ги проверуваат болниците
Дише без помош од апарати и се прочистува од отровите во организмот. 14-годишното девојче од Охрид кое беше донесено пред два дена во кома со дијагноза дијабетес е надвор од животна опасност и закрепнува на клиниката за интензивна нега во Скопје.
Девојчето од свадбена прослава заврши на апарати за дишење. Последно раскажала дека 3 дена чувствувала дека нешто не е во ред со нејзиното здравје. Виновни се родителие коишто не ја однеле на време на лекар , вели заменик- министерот за здравство Асим Муса кој застана во одбрана на лекарите.
Државниот здравствен инспекторат најави, но не откри дали матичните лекари на трите деца со дијабетис донесени во Скопје имале пропусти во лекувањето. Се проверуваат Охридската, Светиниколската и Гевгелиската болница.
Сомнежите на асоцијацитата на пациенти се дека болницате во внатрешноста немаат доволно обучени лекари.Доцна се открива ова често заболување, а пациентите се изложуваат на ризик. Одговорот на лекарите е дека дијабетесот од тип 1 има три симптоми коишто треба да ги знаат и пациентите, но и лекарите.
Павле Беловски